Ете го снегот ?

Размислував неколку дена да напишам текст со кој ќе го најавиме снегот во Крушево. Барем, нашата временска прогноза така кажуваше. Но, еве, текстот не се склопи ама снегот дојде ?

Крушево е обелено. Вчера имавме поројни врнежи од снег, кои беа продолжение на претходната ноќ. Денес имаме бели покриви на куќите, обелени дрвја и сонце. Глетката е прекрасна.

Овие фотографии се доволно за да ви го доловиме моменталното расположение во Крушево.

Температурите се се’ уште релативно ниски, но сонцето кое е силно од рано утрово и временската прогноза велат дека ќе имаме загревање наредните денови.

Преку овој пост сакаме да ги известиме нашите следбеници и посетители дека Крушево е речиси целосно исполнето со туристи за Нова година. Ве повикуваме сите Вас да го посетите следниот линк за да ја погледнете листата на сместувачки капацитети.

Ииии, се гледаме во Крушево ?

Пишува: Сотир Габелоски

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)