Август „преполн“ со настани
Август не бил поисполнет со настани како што е годинава. Од самиот почеток не очекува настап на Љубојна, потоа од 6-ти август When in Krusevo заедно со пливачки маратон и неколку трки во трчање – Krushevo Trail Challenge.
Оваа година август ќе го одбележиме со планинарење, велосипедизам, журки со ди џеи како Галоски и Бабура Џуниор, а ќе имаме настани како џез концерти, содржини за најмладите и секако Крушево низ корија.
Веќе од средината на август не’ очекуваат и првите официјални меѓународни параглајдинг натпревари. Од 21-ви започнува Flymaster Open а до средината на септември ќе се одржат уште неколку официјални натпревари.
Драги наши, резервирајте го август за Крушево затоа што имате се што ќе посакате за да ви биде интересно, забавно и да ве натера да не сакате да си замините.