И во зима и во лето ски терените привлекуваат

Наближува зимата, а ски центарот Алто ќе биде главната станица за сите љубители на снегот, зимското сонце и уживањето во новиот локал на ски терените во Крушево.

Времето се’ уште знае да не’ збуни и за момент да помислиме дека е пролет. Сончево е, пријатно и погодно за прошетка и спортување на отворено. Ски терените Станич во Крушево блескаат иако се’ уште без снег. Пределот е прекрасен, сонцето најдолго се задржува таму, а мирисот на природата ќе ве релаксира неизмерно.

Ски терените беа особено популарни изминатото лето. Многу од туристите ги користеа пријатните шумски предели за прошетка и застануваа на пијалок или закуска во Алто. Овој нов објект навистина ги популаризира ски терените дури и во останатите периоди од годината. Ова лето, а богами и оваа есен е доказ за тоа.

Така што очекуваме оваа популарност да се зголемува и во зимата. Ски терените се одлични за скијање, но и за прошетка и кафе муабет доколку не сте по скијањето.

Се чини дека конечно природните ресурси на Крушево го добиваат своето внимание. Ски центарот Станич е само еден од тие локалитети кои полека, но сигурно го реализираат својот потенцијал.

Оваа зима ве очекуваме во Крушево – вашата најбезбедна дестинација.

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)