Питулици со лук -„Крушевски готвач – книга со рецепти“

Рецепт број 3: Питулици со лук.

Потребно е: 1 кг брашно, вода, сол, лук и ореви (по желба). Се замесува тестото за питулиците, каша од брашно и вода и малку сол како за палачинки. Се тура од тестото на питуличарка, се разредува тенко и се печи на питуличарка, а потоа се потпекуваат питулиците од двете страни на шпорет. Се прават додека се потроши целата каша.

Се зема тава. Вариме солило од масло, вода и сол. Го толчиме и лукот. Питулиците ги макаме во врелото солило и ги редиме во тавата и на секој ред попрскуваме лук и сецкани ореви. Потоа се сечат на парчиња, се тура останатото солило и малку се потпекуваат во загреана рерна.

Оваа објава е дел од серијалот на рецепти предложени и подготвувани од здружението „Цвет“ од Крушево. Рецептите се дел од книгата „Крушевски готвач- книга со рецепти“.

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)