Кои сме ние?
Идејата за Викенд во Крушево започна да се реализира на 19-ти март 2018 година. Зачната како идеја да помогне во туристичката промоција на Крушево користејќи ги најмодерните алатки – социјалните мрежи.
Започнавме тројца луѓе. Сотир Габелоски, Марија Филипова и Теано Кардула. Започнавме со фотографирање, пишување кратки текстови за социјални мрежи, а Теано кардула беше „виновна“ за прекрасното лого кое го имаме и сите прекрасни креативи кои помогнаа Викенд во Крушево денес да има над 4 000 следбеници на социјалните мрежи.
Започнавме од љубов да придонесеме нешто за нашиот град.

Нешто подоцна ни’ се придружи Наум Прешоски. Уште еден крушевчанец кој е туристички водич и работи во една од најголемите туристички агенции во државата ЈК Травел. Наум имаше прекрасни идеи за тоа како да се развиваме, а не изостануваа неговите фотографии и текстови за настани, историски факти и атракции во Крушево.
На крај во нашиот неформален тим се приклучи Наум Налбантоски, дел од еден од најпознатите ресторани во Крушево – Крушевска Одаја.
Повеќе од две години работиме заедно, но не сме само ние петмина. Имаме многу поддржувачи кои ни’ пишуваат и јавно не’ поддржуваат. Сите вие сте дел од тимот на Викенд во Крушево.
Уште од самиот почеток ја имавме поддршката од крушевчани, од општината, од локалните угостители и дури од Мировен Корпус.
Денес, Викенд во Крушево прерасна во онлајн туристички водич со свој веб сајт и целосно изработена платформа на услуги.
Нашиот петчлен тим Ви стои на располагање во секое време. Тука сме да го направиме вашиот престој во Крушево незаборавен.
Викенд во Крушево – Вашиот онлајн туристички водич