Пицерија ,,Рома”

Градот Крушево има солидна бројка на угостителски објекти, меѓу кои: три хотели (од кои два моментално се во функција), поголем број на кафани и ресторани, неколку пицерии, кафичи и еден ноќен клуб. Ноќниот живот претеќно во летниот период нуди доста различни видови на забави, главно во кафичите, но во последните неколку години доста популарни за излегување се и рестораните и пицериите кои исто така нудат своја програма.

Крушевска пицерија со долга и широко препознатлива традиција. Оваа пицерија фактички се наоѓа на самиот влез на градот, кога се оди кон крушевската чаршија. Задолжително место кое вреди да се посети поради беспрекорната услуга и љубезност на персоналот, како и вкусната пица, а и доста специјалитети кои исто така вреди да се пробаат. Летно време, можете да уживате на отворено на убавата тераса изградена пред неколку години. Уште едно место каде ќе си помините незаборавно и дефинитивно ќе сакате да се вратите пак!

Share on:
error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor