Пицерија ,,Скар”

Градот Крушево има солидна бројка на угостителски објекти, меѓу кои: три хотели (од кои два моментално се во функција), поголем број на кафани и ресторани, неколку пицерии, кафичи и еден ноќен клуб. Ноќниот живот претеќно во летниот период нуди доста различни видови на забави, главно во кафичите, но во последните неколку години доста популарни за излегување се и рестораните и пицериите кои исто така нудат своја програма.

Оваа пицерија моментално е една од најстарите пицерии во градот. Се наоѓа во срцето на Крушево, на самиот крушевски плоштад, непосредно до црквата “св. Никола”. Речиси и да нема некој кој бил таму, а не си поминал прекрасно во убавиот етно амбиент, кој неодамна е проширен со дел кој е во модерен стил така што имате можност за избор. За храната нема потреба и да се зборува, тоа е нешто проверено во кое уживаат многу генерации. Наша препорака е, ако одите во оваа пицерија задолжително да го пробате нивниот специјалитет – пита “Скар”.

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)