Гостилница ,,Марчело”

Градот Крушево има солидна бројка на угостителски објекти, меѓу кои: три хотели (од кои два моментално се во функција), поголем број на кафани и ресторани, неколку пицерии, кафичи и еден ноќен клуб. Ноќниот живот претеќно во летниот период нуди доста различни видови на забави, главно во кафичите, но во последните неколку години доста популарни за излегување се и рестораните и пицериите кои исто така нудат своја програма.

Кога се искачувате по познатите крушевски скали, по денешната улица “Тоше Проески”, од десната страна веднаш ќе ја забележите гостилницата “Марчело” која работи веќе неколку години. Доколку патот ве води натаму, штета е ако не го пробате традиционалниот крушевски ќебап, уникатен рецепт и занает кој е стар стотина години, како и многу други јадења и специјалитети, надополнети со забави и жива музика!

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)