Ресторан ,,Либра”
Градот Крушево има солидна бројка на угостителски објекти, меѓу кои: три хотели (од кои два моментално се во функција), поголем број на кафани и ресторани, неколку пицерии, кафичи и еден ноќен клуб. Ноќниот живот претеќно во летниот период нуди доста различни видови на забави, главно во кафичите, но во последните неколку години доста популарни за излегување се и рестораните и пицериите кои исто така нудат своја програма.

Моментално најнов ресторан во градот кој е изграден во сосема модерен стил, кој веќе почнува да е препознатлив. Сместен е веднаш позади спомен куќата на Тоше Проески, а во склоп на ресторанот има и апартмани каде може да се ноќева, кои се исто нови и модерни. Посетете го ресторанот и апартманите и уживајте во мирот на една од најдобрите локации во Крушево.