Ресторан ,,Шапе”
Градот Крушево има солидна бројка на угостителски објекти, меѓу кои: три хотели (од кои два моментално се во функција), поголем број на кафани и ресторани, неколку пицерии, кафичи и еден ноќен клуб. Ноќниот живот претеќно во летниот период нуди доста различни видови на забави, главно во кафичите, но во последните неколку години доста популарни за излегување се и рестораните и пицериите кои исто така нудат своја програма.

Реткост е некој да бил во Крушево, а да не го посетил ресторанот “Шапе” кој денес претставува и најстар ресторан кој се наоѓа во центарот на градот, со долга традиција и квалитетна услуга. Таму ќе пробате вкусна скара, домашен крушевски колбас кој е надалеку прочуен по својот прекрасен вкус, како и многу готвени јадења меѓу кои и најубавите крушевски специјалитети!.