Хотел ,,Панорама”

Градот Крушево има солидна бројка на угостителски објекти, меѓу кои: три хотели (од кои два моментално се во функција), поголем број на кафеани и ресторани, неколку пицерии, кафулиња и еден ноќен клуб. Ноќниот живот претежно во летниот период нуди доста различни видови на забави, главно во кафулињата, но во последните неколку години доста популарни за излегување се и рестораните и пицериите кои исто така нудат своја програма.

Хотелот “Панорама” започнал со работа во 1971 година. Изграден е на одлична локација со прекрасен поглед кон градот. На истата локација пред тоа се наоѓала познатата крушевска кафеана “Ќошку” која своевремено ја работел војводата Питу Гули. Хотелот целосно е реновиран во 2018 година и моментално има се што поседува еден современ хотел, како на пример: голем ресторан, тераса со поглед од кој застанува здивот, базен и спа центар со широка понуда, услуга за изнајмување на велосипеди, четирицикли и друго. Хотелот е опкружен со прекрасна густа корија, која Ви овозможува незаборавно уживање, особено во летните месеци кога температурите се високи!

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)